Радио Милева

Вака македонските јавни личности уживаат во снегот и зимските радости

Вака македонските јавни личности уживаат во снегот и зимските радости

Календарски веќе одамна е зима, па снегот веќе ги побеле улиците, дворовите…

Некои ја сакаат зимата, а некои не. Дел од македонските јавни личности го користат овој период за да заминат некаде на зимување и да уживаат во зимските радости.

Додека пак други преферираат да останат во својот дом и со топол чај да уживаат на минус температури.

Пред некој Сузана Турунџиева го посети Крушево кое беше прекриено со снег, па заедно со својот зет и ќерка уживаше во снежната идила.

Марија од „Ај кју“ исто така ужива во зимата, па пејачката овој пат се одлучи да скија.

На скии се качи и Аделина Тахири.

Водителката Ирена Спировска е позната по планинарењето, па ни зимата не ја спречи со своите пријатели да планинари.

На зимување замина и Кристина Арнаудова заедно со нејзиното семејство.

Во снегот и снежната идила во Кичево ужива и пејачот Влатко Лозановски.

Даниел Кајмакоски заедно со својот син излезе на снегот и заедно уживаа, а тој на својот „Инстаграм“ сподели дел од заедничкиот момент со Давид.

 

View this post on Instagram

 

We ❤️ Winter #fatherandson #truelove

A post shared by Daniel Kajmakoski (@daniel_kajmakoski) on

To top