Ќерката на поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон (88) и Славица Еклстон (60), Тамара(34) не мора да се мисли за финансиите, па редовно на социјалните мрежи се фали за луксузните дестинации каде патува.
Милијардерката моментално ужива на Бахамите со сопругот Џеј Ратленд (38) и ќерката Софија (4).
Веселото друштво времето го минува на плажа, дружејќи се со свињите и хранејќи ги со моркови.
Тие се одлучиле и на еден храбар потег.
Имено, Тамара и Џеј пливаа со ајкули, а потоа им се придружила и ќерката.
Кога имаш толку пари, потребно е само замисла и фантазија која лесно може да премине во реализација.