Радио Милева
копнеж наречен желба...

Вака Кристина Димитри(евска) се подготвува за настап: Со жежок „валкан танц“ пред камерата, за загревање на атмосферата (ВИДЕО)

Вака Кристина Димитри(евска) се подготвува за настап: Со жежок „валкан танц“  пред камерата, за загревање на атмосферата (ВИДЕО)

На македонската мисица, модел, пејачка… Кристина Димитриевска разголувањето и стана навика, позирањето редовна  инфлуенсерска тезга, а музиката полека и прејде од хоби во професија од која             понешто и се заработува. Сето тоа секојдневно прави да ја има во јавноста, што полека но сигурно, рапидно и ја зголемува популарноста.

Откако ја најде вистинската шема, сцената и се погоди, па варијантата за настапи направи  преку ноќ да стане барана по мноштво македонски кафулиња, дискотеки и клубови.

Кристина Димитри како што сака да ја нарекуваат секогаш подеднакво атрактивна и провокативна, порочна и пожелна… Впрочем, како да и стана навика  како загревање пред секој викенд настап да сподели на својот Инстаграм што ќе носи, како ќе се облече, како ќе изгледа на подиумот… Или што би рекле, генерална проба со најава од по дома!

Кожа, латекс, првоаприлски костим или секси мини фустанче Кристина изгледа како „секси бомбонче“… Секој пат секси до коска, заводлива до болка…

Така е секојпат, за секој нов викенд настап, за кој бомбастичната тетовчанка бомбастично и се облекува. Како на пример овој пат, во кусо мини фустанче со длабоко деколте, на кое долна облека не оди… Не барем градник, а веројатно и премногу ќе беше, доколку и тангата изостанеше!

Убиствената еротско-модна комбинација русокосата убавица ја сподели како по навика, уште од дома. И тоа со жежок, „валкан танц“ пред камерата, што очигледно и била и намерата, да го испромовира модниот аутфит, ама и својот неодолив сексапил. Како загревање за она што се нарекува кревање… На атмосферата, адреналинот, а и тестостеронот  – до плафонот… на нејзините настапи, секако!

Зашто кога ќе видите како расната мисица и пејачка провокативно „меша“ и предизвикувачки ниша со колковите, очите веднаш широко ќе ги ококорите! Се разбира, ако сте вистински маж или евентуално дама со „поинаква определба“, Кристина кај вас ќе предизвика копнеж, наречен желба… барем еднаш да и дојдете на настап!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry

Останати вести од Радио Милева