Фотографијата потекнува многу оддамна. Можеби има и 40-ина години откако е сликана. На не се тие- двете сестрички. Онаа помалата, со виолината денес е позната и многу популарна македонска актерка и водителка.
безброј претстави во македонските тетатри, по некоја улога на телевизија и секако нејзиниот водителски шарм на радио и телевизија во сопствените емисии… Приватно, мајка на две прекрасни дечиња, голем другар, пријател, хуманист и борец за правата… И на луѓето и на животните.
Другата пак, онаа поголемата, на фотографијата покрај пијаното е новинар по вокација и оддамна не ѓивее тука. Живее во Велика Британија… во Лондон и работи во една од редакциите на Би – Би – Си! Не се гледаат премногу често, ама кога ќе се видат… мора да е вистинска „лудница“!

Едни велат не личат, други велат многу личат една на друга… Во карактерот и однесувањето можеби и не толку, а физички… Оставаме на Вас да процените. Наше е само да ви откриеме дека на фотографијата се Весна Бејби Петрушевска и нејзината сестра Маја!

И секако постот покрај фотографијата која Бејби ја споделила на социјалните мрежи, во кој се крие приказната… за виолината, пијаното и трегерите…!

