Радио Милева

Вака ја доживува професијата на мама: Додека Тамара си го најавуваше новогодишниот настап, малата Хана гласно откри за што мама ќе пее? (ВИДЕО)

Вака ја доживува професијата на мама: Додека Тамара си го најавуваше новогодишниот настап, малата Хана гласно откри за што мама ќе пее?  (ВИДЕО)

Новогодишните агенди на пејачите се веќе затворени. Точно се знае кој од нив кога, каде и колку ќе пее… Единствено „слатка тајна“ остана кој за колку ќе пее… односно, висината на хонорарите. Ама тоа е друга приказна.

И како што е редот, а некако и мода во последно време да се спои корисното и практичното, па така пејачите  ги користат технологијата и социјалните мрежи за да си го изрекламираат својот настап. Меѓу останатите и новогодишниот.

Затоа мама Тамара реши да не губи време, па додека седеше на совозачкото седишпте во автомобилот, посегна по мобилниот телефон за да направи селфи видео со кое најави каде, кога и во колку ќе пее за новогодишната ноќ. Арно ама, нејзината мала ќеркичка Хана која беше удобно сместена во своето „бејби сит“ прикачено на задното седиште од автомобилот, влета во кадарот од најавата на мама Тамара и со еден збор случајно откри една „слатка тајна“.

Не, не  ја кажа висината на новогодишниот хонорар на мама, ама затоа откри за што пее мама, ако Хана се прашува?

„Што сакаш ти Хана“ – задоцнето ја праша Тамара својата слатка мала ќеркичка, откако Хана уште претходно си го кажа одговорот: „Јадење“!!!

Нормално, штом се спомне 31 декември и нам како и на Хана, меѓу другото денот ни асоцира и на полна и богата трпеза, или што би рекла Хана:  „Јадење“!  Браво Хана! Многууууууу  јадење!

 

To top