Радоста на семејството Ражнатовиќ се зголемува од ден на ден. Впечатоците од свадбената веселба на 24-ти ноември во Белград уште не слегнале, а веќе пристигна прекрасна вест за новопечената брачна двојка. Бремената снааа Богдана Ражнатовиќ по редовниот лекарски преглед ги доби резултатите од пренаталните медицински тестови кои ги направила пред венчавката, а резултатот покажал дека носи момче.
„Бидејќи Богдана беше изложена на напори во деновите пред и за време на свадбата, отишла на редовен преглед за да провери дали е се во ред со бебето што го носи“ – дознал извор близок на семејството Ражнатовиќ.
На голема радост на брачната двојка Ражнатовиќ, ќе се роди син – наследник, а немало многу дилема и околу името.
„Сите во семејството сакаа Богдана да роди машко. На овој начин, Вељко ќе го врати сеќавањето на неговиот трагично починат таткоЖељко Ражнатовиќ Аркан“ – посочил изворот.
„Не беше тајна дека ако добие син, младиот Ражнатовиќ ќе го крсти својот наследник по името на неговиот починат татко“.
Идната баба Цеца и тетката Анастасија, по среќните родители, први ја дознаа веста дека Богдана носи момче.
„Цеца и Анастасија дознаа за прекрасната вест по телефон. Цеца од среќа вреснала, а Вељко викал: „Машко е, мамо! Боца ќе го роди малиот Жељко!“
Фолк дивата врескала од среќа, а потоа тетката Анастасија го земала телефонот, и прва им честитала на идните родители:
„Честитки, драги мои родители! Тато сигурно нè гледа некаде одозгора и тој е горд! Бакни ми ја Богдана!“ – рекла Анастасија, открива извор близок на семејството.
Фото: Соња Спасиќ/Инстаграм принтскрин