Познатата турска актерка Мерјем Узерли која се прослави со улогата на Хурем во турската серија „Величствениот“ изненади со фотографија од детство.
Имено, Мерјем на својот „Инстаграм профил“ со своите следбеници сподели фотографија од детство, а многумина тврдат дека нејзината ќерка Лара е нејзина копија.
Тогаш познатата Хурем имала позната боб фризура, а нејзините следбеници коментитраат дека има исти очи и поглед кога била мала.
„Преубава си“, „Колку Лара личи на тебе“, „Колку си слатка, Лара е твоја копија“, „Колку си слатко девојче, погледот ти е убав и како сега“, се само некои од коментарите.
Потсетуваме, Хурем својата ќерка Лара ја доби од бракот со поранешниот партнер Кан Аташ.