Поранешната ријалити ѕвезда Маја Маринковиќ пука од самодоверба поради физичкиот изглед, но малкумина знаат како изгледала пред бројните естетски зафати кои ги направила и со тоа комплетно го сменила личниот опис.
Маја моментално е во центарот на вниманието поради невидениот скандал – недолго откако го разведе од Марко Јањушевиќ – Јањуш и на кратко и го превзема Филип Цар на Далила Драгојевиќ, Маја стапи во тајна врска со Пеца Распоповиќ, невенчаниот сопруг на нејзината најдобра пријателка и некогашна ријалити колешка, Александра Суботиќ.
Таа се рекламирала на социјалните мрежи, провоцирајќи со фотографии на кои разменува нежности со Пеца во базенот на кои истовремено ги истакнувала своите бујни облини, за кои нејзиниот татко Таки, според медиумските гласини, дал десетици илјади евра.
Како што е познато, Маринковиќ вгради силиконски импланти за да ги зголеми градите, го намали носот, ги наполни јаболчниците, ја коригирала брадата, ги искоси очите, поради што сега изгледа како Азијатка, а усните ги правеше и преправаше дури во три наврати.
Таа, исто така, ги истетовирала веѓите и ги заменила природните заби со вештачки и сега воопшто не личи на онаа природната девојка од некогашните фотографии.
Маја Маринковиќ по сите операции всшност не личи на себе, што можете да заклучите и самите на фотографијата подолу.
Фото: Инстаграм принтскрин/majamarinkovicc