Радио Милева среќно детство

Вака изгледал како дете: Можете ли да погодите која музичка мегаѕвезда е на фотографијава? (ФОТО)

Вака изгледал како дете: Можете ли да погодите која музичка мегаѕвезда е на фотографијава? (ФОТО)

Со години важи за еден од најпопуларните пејачи во регионот.
Познато е дека не сака да зборува премногу за неговиот приватен живот, па скоро никогаш не споделува фотографии од своето секојдневие на социјалните мрежи.

Сега, на неговата Фејсбук страница се појави фотографија од неговото детство, направена во далечната 1962 година.

Тој тогаш бил дете и изгледал сосема поинаку, па малкумина можатда го  препознаат. Еднаш рече дека имал среќно детство и дека се сеќава на сите тие  убави моменти.

„Бевме многу среќно семејство, иако живеевме со една плата, онаа на тато. Тој работеше во државна служба, така што во тоа време не можевме да го славиме Божиќ на начин како што се прави денес, но затоа секогаш бевме среќни да ги чекаме млекарите од селата каде се славеше празникот со сите обичаи и тие ни носеа млеко и Божиќни подароци.

„Се сеќавам како се собиравме во Требиње со нашите баби и дедовци додека не одевме на училиште и како добивавме подароци од роднините, пријатели и соседите. Беше поинакво време, луѓето беа повеќе безгрижни, а со тоа и поотворени едни кон други. Се викаа преку улица на кафе или ручек, спиеја едни кај други, се радуваа и тагуваа заедно. За жал, сето тоа денес се смени“ – се сеќава пејачот кој и ден денес е еден и единствен, ненадминат по својата слава и популарност на овие простори – Здравко Чолиќ.

Фото: Инстаграм принтскрин/zdravkocolicofficial

 

To top