Радио Милева една е мајка

Вака изгледаат мајките на македонските познати личности (ФОТО)

Вака изгледаат мајките на македонските познати личности (ФОТО)

Мајките се едни од најважните жени во нашиот живот, тие се тука од нашето раѓање, па се до последниот ден.

Тука се  да не советуваат, охрабруваат, потикнуваат, критикуваат. Тие се нашиот најдобар пријател, пријател на кој секогаш може да сметаме.

За разлика од „Денот на жената“ кој се слави на 8-ми март, „Денот на мајката“ во различни држави се слави на различен датум.

Ширум светот, овој ден се одбележува на различен начин, во некои од нив на мајката се купуваат подароци, одат на вечери, се прават изненадувања, мајката и децата прават заеднички активности.

На 10.мај во светот во многу земји се славеше „Денот на мајката“, а токму по тој повод македонските јавни личности на социјалните мрежи објавија фотографии од своите мајки честитајќи им го овој важен датум.

Во продолжение погледнете како изгледаат мајките на познатите.

Елена Миленковска

Мартина Михајловски

Викториа Лоба

Миа Костова

Ања Ветерова

Елена Стојановска

Милена Антовска

Кај нас „Денот на мајката“ нема некоја посебна традиција, но и без тоа, секако нашите мајки треба секој ден ги опсипуваме со љубов, внимание, поддршка, разбирање, почит… Зашто… една е мајка!

To top