Радио Милева кога поп-фолкот го откри интернетот

Вака изгледаа првите фотографии на социјалните мрежи на балканските ѕвезди (ФОТО)

Вака изгледаа првите фотографии на социјалните мрежи на балканските ѕвезди (ФОТО)

Откако социјалните мрежи се појавија, покрај обичните луѓе, познатите личности, јавните фаци, музичките ѕвезди… не престанаа да ги користат за маркетинг и себе рекламирање, за да си ја попдигнат популарноста, тиражите, а со тоа и цената за настап.

И додека со текот на годините ги совладуваа сите вештини за добијат совршена фотографија, тие првично “скитаа” додека ги истражуваа можностите на Инстаграм и другите популарни социјални мрежи.

Сека Алексиќ беше многу активна на Твитер, а на еден од нејзините први твитови многумина се смееја до солзи.

Цеца Ражнатовиќ своите фанови ги израдува со првите Инстаграм објави во 2015 година.

А ги разнежни токму со оваа фотографија на која покажува кој е прв и засекогаш во нејзиното срце.

Дара Бубамара уште од самиот старт знаеше како да позира и провоцира.

Својот прв Инстаграм профил морала да го згасне, зашто како што вели, „го заборавила пасвордот“!

Замислен поглед во далечина ја краси првата постирана Инстаграм  фотографија на пејачката Милица Тодоровиќ.

Од останатото гледаме дека отсекогаш била љубител на далечни патувања.

Гоца Тржан уште со првата фотографија успеја да ја „заскокотка“ јавноста.

„Хелоу еврибади“ – пишува под првата постирана фотографија на Брена која Инстаграм го користи од мај, 2013 година.

На неа таа е сосема природна, без грам шминка.

Кија Коцкар уште во 2011 праќаше бакнежи.

А веќе по првите фотографии се гледаше дека и тоа како сака да ужива во добриот провод и животот.

Денес познатите се секако многу поумешни и во користењето на социјалните мрежи.

 

 

 

 

To top