Некои врски се вечни. Нераскинливи. Иако не се љубовни, туку многу повеќе од тоа – семејни! А таквите не само што се исполнетии со поинаква љубов, туку се полни и со почит, разбирање, помош, респект кон другиот, кон братот или сестрата… И тоа така останува цел живот.
Познатите личности ги знаеме сите. И оние странските, но и овие нашиве. Ама само најблискиот круг ги знае нивните браќа или сестри.
Таа беше една од познатитите македонски поп пејачки, која последниве неколку години музичката кариера ја замени со водителската, иако музилката сосема не ја батали! Микрофонот за пеење го замени со оној за говорење и тоа го прави побвеќе од успешно во своето мошне гледано ТВ шоу „Улица Македонија“, каде на гости и лаф муабет и доаѓаат најголемите македонски и балкански ѕвезди: пејачи, актери, водители, спортисти, па и по некој политичар или успешен бизнисмен… како и да е Бојана Скендеровски и екипата сите нив знае домаќински да ги пречека, но и да им ја отвори душата и од нив да ги извлече и најдлабоките чувства, најскриените емоции во „Улица Македонија“.
За неа горе – долу се знае, толку колку што треба да се знае… Ама она што малкумина го знаат, дека Бојана има помала сестра, Ивана. Токму таа постираше една фотографија од детството на двете сестрички, каде на црно белата слика обете се слатки девојченца, веројатно на претшколска возраст или тука некаде. Среќни, безгрижни и насмеани, како секое дете. Особено во она време.
Инаку, Ивана (Атанасовска) не се занимава ниту со пеење, ниту со медиуми. Таа го продолжува семејниот бизнис на татко им работејќи во приватна ревизорска куќа.
А судејќи според физичкиот изглед во кој многу потсетува на постарата сестра, убавината, атрактивноста, манекенската става, дрес кодот, имиџот… според сето останато, ги има сите предиспозиции за естрада или ТВ! Згодна, убава, атрактивна, сексапилна, шармантна… ама и паметна, зашто поучена од туѓото искуство или сопствените сознанија, на време сфатила каде лежат парите.
Сепак, Ивана не пропушти барем еднаш да седне на водителската софа, за да ја почувствува магијата на телевизијата и чувството како е да си под светлата и пред ТВ камерите…
Чисто онака, да не затреба во одредена ситуација да ја замени Бојана…
Како добра сестра да биде и добра водителка, како што е добра тетка, кога на моменти ја чува малата Искра!