Пејачката Марија Шерифовиќ поседува неколку имоти, а пред три години купила стан во елитна населба во Нов Белград.
Шерифовиќ живее во луксузна населба, каде соседи и колеги и се Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Стева Анѓелковиќ.
Нејзината оаза на мирот ссе простира на 80 метри квадратни, а според медиумите пејачката за овој имот издвоила околу 200.000 евра.
View this post on Instagram
Често на Инстаграм профилот на Шерифовиќ можеме да видиме како пејачката го опремила својот животен простор. Речиси сè изобилува со светли бои, додека парчињата мебел се малку потемни, за да се постигне контраст.
View this post on Instagram
Во пространата дневна соба има голем аголен тросед, домашно кино и разни полици кои пејачката ги комплетираше со ситни детали.
View this post on Instagram
Спалната соба крие вистинска бајка. Во него има француски кревет, како и бројни перничиња кои дополнително го разубавуваат катчето каде таа одмара. Покрај тоа, оваа соба има и огромна бела огледална гардероба која се протега по должината на ѕидот.
фото:Инстаграм/Марија Шерифовиќ