Членот на саудиското кралско семејство, принцот Саад бин Митеб Ал Сауд е заинтересиран за купување луксузен стан од 29 милиони долари, во Њујорк.
Станува збор за стан од пет соби и шест бањи, се протега на 505 метри квадратни и од терасата има прекрасен поглед на градот.
Зградата е изградена во 1905 година, а во неа исто така имаат живеено Оливја Вајлд и Џејсон Судеикис кои го продале својот стан за 3,8 милиони долари, пишува New York Post.
Брокерката Џесика Раинс, која наводно е задолжена за продажба на станот, одбива да коментира за медиумите.
Foto: streeteasy.com