Радио Милева

Вака изгледа празничната идила во домот на Елена Миленковска и Гуте (фото)

Вака изгледа празничната идила во домот на Елена Миленковска и Гуте (фото)

Елена Миленковска претходната сезона не успеа да стигне до финалето на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, но успеа да стигне до срцето на кандидатот Гуте Маринковиќ.

Имено, по нејзиното учество во  музичкото шоу, Елена и Гуте започнаа љубовна романса која ја обелоденија со заеднички фотографии на социјалните мрежи.

фото: Инстаграм/еленамиленковска

Елена во неколку интервјуа истакна дека токму таа го „смувала“ Маринковиќ и му изјавила дека му се допаѓа.

На парот не им требаше многу време за да сфатат дека се еден за друг, па по само три месеци врска се свршија. Миленковска на својот роденден (20 август) наместо торта доби свршенички прстен.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/elena-milenkovska-za-rodenden-dobi-svrshenichki-prsten-namesto-torta-brachna-ponuda-foto/

Откако се заедно, парот не се разделува и секаде каде и да одат се заедно. Така, често може да ја видиме Миленковска како му прави друштво  на Гуте на неговите настапи, промоции, заедно одат на настани од јавен карактер, а многумина на социјалните мрежи тврдат дека се еден за друг.

Миленковска и оваа година учествува во „Ѕвездите на Гранд“, а Гуте не ја остави сама својата сакана, па така додека таа пееше на сцената, тој беше во собата за емоции како најголема нејзина поддршка.

фото: принтскрин/инстаграм/еленамиленковска

Елена и Гуте веќе живеат заедно во нивниот стан во Белград кој е нивниот мал рај и љубовно гнездо.

По повод на новогодишните празници, во домовите на познатите веќе владее новогодишна еуфорија, а многумина се потрудија да ги украсат домовите по свој вкус.

фото: приватна архива

Така е во станот на младиот пар кој пред објективот на камерите позираше во новогодишно издание. Двајцата насмеани, расположени и заљубени уживаат во заедничкиот живот.

фото: приватна архива

Малата украсена елка и нeколку новогодишни декоративни детали го красат љубовното гнездо на овој музички пар.

фото: приватна архива

За потсетување, неодамна Миленковска неодамна истакна дека можеби до крајот на „Ѕвездите на Гранд“ ќе се случи и свадба, а дали така ќе биде останува да видиме.

фото: приватна архива

 

To top