Радио Милева
наследниците позираат пред новогодишната елка

Вака изгледа новогодишната еуфорија во домот на Ламбе Алабаковски во Америка (фото)

Вака изгледа новогодишната еуфорија во домот на Ламбе Алабаковски во Америка (фото)
фото: фејсбук

Јавните личности веќе започнаа да ги покажуваат домовите во новогодишно руво.

Елка, лампиони, сијалички, Дедо Мраз, новогодишно украси се дел од домовите на познатите во месец декември.

Иако естрадата оваа година нема да ја помине на сцена поради коронавирусот, сепак се погрижи да се почувствува новогодишна атмосфера во нивните домови.

Македонскиот пејач Ламбе Алабаковски заедно со семејството односно сопругата Магдалена и синовите Димитриј и Михаил живее во Америка.

Иако тој не е присутен на музичката сцена, активен е на социјалните мрежи каде што некогаш знае да објави нешто од неговиот живот.

Овојпат, Ламбе го покажа новогодишниот амбиент во неговиот дом во Америка.

Имено, тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија од синчињата кои позираат пред новогодишната елка која е украсена со црвени и златни лампиони, а покрај неа може да се забележи и Дедо Мраз и други новогодишни украси.

фото: Инстаграм/ламбеалабаковски

фото: Инстаграм/ламбеалабаковски

фото: Инстаграм/ламбеалабаковски

фото: Инстаграм/ламбеалабаковски

Инаку, 2020та година за Ламбе беше среќна и успешна бидејќи вторпат се реалзираше во улогата на татко и го доби синот Димитриј.

Останати вести од Радио Милева