“По долгата недела полна со обврски, време е за домашна забава”, порача пејачката Лејди Гага со фотографија на која позира топлес пред базен, држејќи коктел во едната рака.
Иако денес максимално ужива во своето богатство и љубовта која ја стекнала од фановите, Гага има сериозен здравствен проблем.
Таа боледува од фибромиалгија, заболување кое се карактеризира со долготрајна болка во зглобовите и мускулите, чувствителност на поединечни точки на телото, како и изразен умор и малаксаност.
Лејди Гага поради болеста во февруари соопшти дека е принудена да откаже 10 закажани концерти.
“Толку сум разорена што не знам како да го опишам тоа. Сè што знам е дека, ако не го направам ова, не стојам зад зборовите и значењето на мојата музика. Мојот медицински тим ја поддржува одлуката да закрепнувам дома. Ги откажуваме последните 10 концерти од мојата турнеја. Го сакам шоуто повеќе од било што, ве сакам вас, но ова е надвор од моја контрола”, напишала тогаш Гага.
За среќа, таа сега изгледа и се чувствува добро.