Водителката и новинарката Анастасија Деа Богдановска по вторпат е бремена и наскоро повторно ќе стане мајка.
Откако, Анастасија и сопругот Богдан Илиевски Бетмен ја добија ќерката Дениција, сега повторно очекуваат принова.
Водителката ужива во бременоста, а на социјалните мрежи често знае да сподели по некоја фотографија и да напише емотивна, моќна порака.
Трудничкото стомаче расте, а Деа е во 8-миот месец во бременоста.
Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира со нараснатото трудничко стомаче, а во описот напиша: 8.
Инаку, како во првата, така и во втората бременост, Анастасија продолжува да создава нешто свое од проектот „направи сам“, па така креираше облека за Дениција, креветче…
За потсетување, во јули 2021 Дениција наполни една година, а Анастасија и Богдан направија свадбена прослава.
фото: инстаграм/анастасијадеабогдановска