Радио Милева

Вака го немате видено: Марк од „Брза кујна“ заедно со сопругата се опушти во базен (фото)

Вака го немате видено: Марк од „Брза кујна“ заедно со сопругата се опушти во базен (фото)

Секој работен ден имаме прилика да го гледаме кулинарското шоу „Брза кујна“, каде што готвачите Марк и Никола подготвуваат разни специјалитети со намирници кои ги донеле натпреварувачите.

Меѓутоа, во текот на летниот период, водителката како и нејзините соработници, Марк и Никола се одмараат и ги полнат батериите за новата сезона.

Така, Марк на својот Фејсбук се пофали како се одмара ова лето, па објави и фотографија на која е со сопругата Василка.

Сопружниците во костим за капење се опуштија во базен, а Марк напиша:

„И ние малку да се освежиме…Пријатен ден на сите“, напиша готвачот.

фото: Фејсбук

Марк и Василка се во брак неколку години, а заедно имаат две деца.

Останати вести од Радио Милева