Радио Милева антистрес за секој земјотрес

Вака го доживејаа последниот земјотрес две познати македонски дами и еден наш пејач: „Рихтер селфи, камион низ дневна и спокојни комшии“

Вака го доживејаа последниот земјотрес две познати македонски дами и еден наш пејач: „Рихтер селфи, камион низ дневна и спокојни комшии“

Македонија пак се стресе… Потресите почнаа често да се случуваат… До душа оние политичките земаат се поголем замав и само прашање на време е кога „Заевата пирамидална власт“ после сите глупости на „муртинскиот фараон“ ќе се урне како „кула од карти“, а хит на денот ќе биде „Пада влада“.

Она што е хит на социјалните мрежи по последниот вистински потрес од 3,9 степени по Рихтер се коментарите за тоа кој како го доживеал земјотресот. Особено познатите и популарни фаци. Ние избравме две познати македонски дами и еден наш пејач, кои вчерашното тресење на скопското тло го доживејаа различно, ама сепак комично.

Македонста ТВ водителка Лила Филиповска, како што е редот, тешко ќе ја најдете дома, што во ваква ситуација може да биде и предност која главата ја чува. А Лила како Лила, не е жива, ако главата не ја слика, барем еднаш дневно. Овој пат и дојде, тоа да го стори додека беше во автомобилот на пат за каде и да е… И додека водителката така се возеше низ градот, обидот за селфи стана земјотресен… А селфито – Рихтер селфи… И тоа од 3,9 градуси…

Ама тое не е ништо, зашто Лила е навикната на тресење… На многу посилно тресење… И тоа додека во полн занес со бујна страст е внесена во работа!

Неееее, не е тоа „онаа работа“ на која некои со „расипани мечти и валкани мисли“ веднаш помислија. Ние мислевме на земјотресот што водителката ја стрефи среде снимање на „Се или нешто“ пред неколку години, на кој наместо панично да реагира, Лила многу професионално „искулира“, а сето тоа изгледаше отприлика вака:

Весна Бејби Петрушевска исто така ништо не може да ја изненадди, па ни земјотрес. Македонската актерка е позната како искусен трагач по возбуди, па после џипот во Вардар и „нуркањето“,  тресењето на скопското тло не го ни почувствува како некое страшно и опасно зло!

За разлика од нејзината ќерка Мина, Весна – Бејби отрпнала, па скраја да е, дома како во кулите близначки и да и влета авион, Бејби пак ќе и рече на Мина: „Некој камион, помина“!

Македонскиот пејач Драган Темелков попознат под прекарот Џони или како што повеќето го нарекуаат „кралот“ на ноќните свирки“ има искуство со земјотресите уште од минатиот пат. Кога утрото во 5 часот имаше силен земјотрес со епицентар во околината на Маврово или поточно Леуново, а потресот беше почувствуван на територијата на целата земја.

Тогаш познатиот пејач напиша статус на Фејсбук во кој се пошегува дека неговите соседи мислеле дека тој повторно го предизвикал тресењето. Како во познатиот хит на „Рибљ чорба“: „Комшије ќе да ме бију због прегласног рок ен рола, помињу ми фамилију, терају ме доѓавола…!“

Така беше беше тогаш, а сега? Сега Џони само го обнови постот… Оној стариот за новата ситуација.

Дали со тоа сакаше да каже дека му се случила истата ситуација и со комшиите, па важи и „истата песна на нов глас“? Или „еднаш здрман – здрман засекогаш“, па затоа Џони има универзален статус како антистрес за секој земјотрес!?

 

To top