Радио Милева црно под бело

Вака Елена Миленковска се подготвува за предновогодишен настап: Долу стегната, а горе раскопчана толку, колку што смее… за да диши со полни гради додека пее!

Вака Елена Миленковска се подготвува за предновогодишен настап: Долу стегната, а горе раскопчана толку, колку што смее… за да диши со полни гради додека пее!

За македонската поп пејачка Елена Миленковска 2017 беше повеќе од  успешна година. Ина приватен и на професионален план. Дипломираше на Академијата за музичка уметност во Скопје и тоа со 10-ка, по што стана дипломирана пејачка на популарни жанрови… и тоа со тапија!

Приватниот живот исто така и беше 10-ка, зашто љубовта на младата пејачка годинава и цветаше. Елена срцето му го предаде на едно момче од нашиот јужен сосед, па цела година емоциите со него ги делеше на релација: Скопје – Солун и обратно… а и пошироко, по Егејот!

Откако аврши со едукацијата и ги среди емоциите, дојде ред да и се посвети и наработата, а деновите пред Нова година се како создадени за „тезгарење“ на пејачите. Македонија нема море, ама затоа го има Охрид, па згодната Елена токму на таа дестинација ги одработуваше своите предновогодишни настапи. Охридските кафулиња и клубови се како создадени за предновогодишна журка на помладата популација, па Елена беше во ситуација да им ја разубави забавата! Ама претходно, Елена мораше да се разубави себе си пред настапот, па во таа ситуација, се одлучи за минималистичка црно-бела комбинација.

Долу стегната во црни, „цигара“ тренди искинати фармерки, обуена во црни ниски чизми со високи потпетици, а горе променета во бела свилена кошула под која доминира црниот корсет со тантела, Елена се дотера како Џеј Ло…

Сепак, она што најмногу паѓаше в очи, особено на машкиот свет, беше она што лежи во корпите од црниот корсет. Елена се сети што треба да стори за визуелена поткрепа на вокалните квалитети.

Долу стегната, ама горе раскопчана, толку, колку што смее… за да диши со полни гради додека пее!

 

To top