Радио Милева

Вака Антониа Гиговска го прокоментира паѓањето во „Пинкови ѕвездички – all stars“ (видео)

Вака Антониа Гиговска го прокоментира паѓањето во „Пинкови ѕвездички – all stars“ (видео)

Во петок вечер се одржа полуфиналето на „Пинкови ѕвездички – аll stars“.

Во полуфиналето настапи и македонската претставничка Антониа Гиговска која се претстави со песната „Je t’aime“.

Жирито и публиката беа воодушевени од нејзината изведба. Меѓутоа, Антониа доживеа мала незгодна односно падна на сцената, но стана и продолжи професионално да пее.

фото: принтскрин/јутуб

Антониа за „Женски магазин“  го прокоментира паѓањето на сцената.

„Супер сум, иако не очекував дека тоа ќе се случи. Среќна сум што паднав. За секое падни, има и стани. Како во животот, така и во кариерата“, изјави Антониа за Женски магазин.

„Паднав бидејќи тргнав наназад. Среќа е што паднав врз играчите и не се повредив. Благодарам на танчерката која исто така беше професионална и продолжи да игра како ништо да не се случило. Да паднев на сцената сигурно ќе се повредев“ вели Антониа за „Блиц“.

Гиговска успеа да се пласира во финалето, а како ќе изгледа нејзиниот настап останува да видиме.

За потсетување, Антониа и беше придружен вокал на Тамара Тодевска на „Евровизија“.

https://youtu.be/qRELtiFoIi8

To top