Иако нема голем музички стаж и багаж зад себе, младата пејачка Лина Пејовска доста активно, успешно и умешно успева да се пробива на домашната и регионалната музичка сцена.
Со својата харизма, талент, убавина и маркантност, Лина пред очите на публиката расте и созрева во секоја смисла.
Перидов е како создаден на одмор и уживање, ослободување од сите мисли и обврски, па младата убавица реши да ги разгали своите сетила и да си приушти одмор во Банско-Бугарија.
Од фотографиите кои ги приложи на својот Инстаграм, покажа дека е во друштво на својот пријател и стилист Бобан Тодоровски и деновите на планина заедно ги користат за создавање на спомени за паметење.
Но она што најмногу ќе остане запаметено од овој зимски одмор на Лина, ќе биде нејзината жешка фотографија во џакузи од термалните бањи на отворено близу Банско.
Телесниот потенцијал на пејачката е во преден палн, па и само од глетка станува жешко.
Нема сомнеж дека наша Лина ги собрала погледите, непосредно ама и виртуелно, а на оваа пеколно жешка фотографија не одолеа ниту Дарко Спејко кој во коментар и остави срценце на секси Лина.