Радио Милева има се може се

Ужива во луксуз: Ѕирнете во домот на Дара Бубамара (фото)

Ужива во луксуз: Ѕирнете во домот на Дара Бубамара (фото)

Дара Бубамара е од оние познати личности кои сакаат да ги инвестираат своите пари, а таа најчесто ги инвестира во недвижности.

Пејачката поседува неколку станбени објекти, а пред две години купи пентхаус од 170 квадрати.

Имено, таа купила стан во елитната населба во Нов Белград, а според пишувањата на медиумите за оваа недвижност искеширала 200 000 евра.

Пејачката својот дом го уредила со скап мебел.

Во дневната соба има биро, крстални лустери, огромен телевизор и гарнитура за седење.

Од својата тераса, пејачката има прекрасен поглед.

Покрај станот, пејачката поседува и приватен паркинг каде може да ги паркира скапоцените автомобили кои ги вози.

За потсетување, неодамна соседите на Дара открија каква е приватно.

-Често ја сретнувам во кафулето на нејзината улица. Кога не доаѓа сигурно е на патувања или можеби со момчето. Знам дека од тоа кафуле често и носат храна. Фина е, секогаш расположена, насмеана, ретко се случува да ја видим изнервирана, вели сосетка на Дара.

фото: принтскрин/инстаграм

To top