Светлана Цеца Ражнатовиќ призна дека сака да јаде месо, а откри и сѐ што пробала.
Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ откри дека е одличен месојад, како и што пробала од специјалитети, но и храна која никогаш не можела да ја јаде.
Освен локални месни специјалитети од свинско, пилешко и говедско месо, Цеца открила дека пробала и месо од разни диви животни.
„Јас сум голем месојад! Сум пробала месо од разни диви животни. Пробав змии, зебри, ноеви, ајкули, крокодили… Единственото нешто што никогаш не можев да го пробам се полжавите. Кога ќе се сетам како изгледаат, навистина не можам“ – рече Цеца и истакна дека иако е голем гурман, не влегува во кујна.
„Искрено, не сакам да готвам или да одам на пазар. Мислам дека доволно придонесувам за семејството, па не морам да го правам и тоа. Иако, знам да готвам! Јас сум од југот, секоја жена таму мора да ги знае сите домаќински работи“ – изјавила пејачката.
„Јас и сестра ми научивме сѐ, но би излажала ако кажам дека денес готвам. Едноставно не уживам во тоа, ниту ме интересира. Но, ако треба, ќе готвам, секако – рекла Цеца и додала дека никој од нејзините бивши не влегувал во кујната.
„Не сум имала ниту еден маж кој мириса на запршка“ – истакна пејачката, напоменувајќи дека поминало времето кога жената морала да биде добра домаќинка за да се омажи.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/cecaraznatovic