Радио Милева Четирипати поголема заработка

Успеа во намерата: Анџелина Џоли сега е побогата за 11 милиони долари!

Успеа во намерата: Анџелина Џоли сега е побогата за 11 милиони долари!

Анџелина Џоли успешно ја продаде сликата од Винстон Черчил која еднаш и ја подари Бред Пит. Сликата „Кула на џамијата Кутубија“ беше продадена за рекордни 11,5 милиони долари на аукција во Лондон.

Сликата беше проценета на 3,4 милиони долари и не е познато зошто филмската sвезда одлучи да го продаде подарокот што Пит првично го купи за нешто повеќе од 2 милиони долари.

фото:„pixsell“

Цената на сликата е речиси четирипати поголема од најдобро проценетата претпродажна цена, а го надминала и претходниот рекорд за некоја слика на Черчил која чинела нешто под 1.800.000 фунти, пренесува „BBC“.

Сликата направена во Маракеш, за време на Втората светска војна, продадена е на анонимен купец.
Портпаролката на аукциската куќа, Кристи, оваа слика ја нарекла најважно дело на Черчил.

„Освен неговите истакнати дела, ова е единствен пејзаж кој го направи тој за време на војната“, додала портпаролката.

To top