Втората сезона на најгледаното реално шо во регионот „Задруга 2“ само што не започнала, така што идните жители на кнежеството во Шимановци се веќе во карантин, а за некои, оваа кратка изолација пред да влезат во претстојното риалити беше предолга, па им се препуштија на страстите.
Екипата на ТВ „Пинк“ посети некои од нив и ја сними атмосферата во хотелот во кој беа. Така, Александра Суботиќ и Давид Драгојевиќ едвај имаа облека на себе, па затоа не е тешко да се заклучи дека тие веќе биле интимни.
Во ништо помалку раскомотено издание беше затечена уште една натпреварувачка двојка.
Зерина Хечо и Бане Чолак беа фатени во „фаза на готовс“ в кревет.
И додека сите идни учесници беа во карантин, само за Луна Џогани беше направен преседан.
Единствено нејзе и беше дозволено да ја помине последната ноќ пред да влезе во шоуто дома со семејството.