Радио Милева
ликот го смени, ама паметот...

Уште една српска старлета повеќе не личи на себе: „Пластична метаморфоза“ на Сандра – „Медуза“ (ФОТО+ВИДЕО)

Уште една српска старлета повеќе не личи на себе: „Пластична метаморфоза“ на Сандра – „Медуза“ (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешна учесничка во реланото шоу „Парови“, српската старлета Сандра – „Медуза“, која сама си го даде тој прекар, остана запаметена по многу лапсуси. Таа се опиша себеси како првата природна српска старлета, без силикони.

Извесен период не се појавуваше во јавноста, а новите фотографии покажуваат дека речиси целосно го променила личниот опис со естетски корекции.

Кога ќе ги погледнеме нејзините нови фотографии на Инстаграм, можеме да заклучиме дека Сандра – Медуза претрпела „пластична метаморфоза“ па сега е сосема „поинаква личност“.

Токму тоа во своите коментари го велат повеќето корисници на оваа социјална мрежа кои имаа можност да ги видат нејзините нови слики.

Старлетата инаку многу заработува од разголените фотографии. Таа ги споделува на една страница за возрасни, каде што се наплаќа ваквата експлицитна содржина.

Потсетуваме, Сандра стана популарна затоа што немаше поим за многу нешта што се познати од општа култура.

Која струја ја измислил Никола Тесла, а не го знаеше ниту целосното име на Јосип Броз Тито, ниту прекарот на војсководецот Атила. Таа не ги знаела ниту боите на српското знаме, а шокантно е што не знае која е химната на Србија.

Погледнете го видеото кое „ја прослави“: 

Останати вести од Радио Милева