Радио Милева
дошла да се смират, па „заглавила“...

Уште една позната српска пејачка приведена заради кршење на полицискиот час: Бившото момче ја пријавило во полиција! (ФОТО)

Уште една позната српска пејачка приведена заради кршење на полицискиот час: Бившото момче ја пријавило во полиција! (ФОТО)

Познатата српска поп-рок пејачка од 80 и 90 години,  Слаѓана Милошевиќ, наводно, била приведена од полицијата, па однесена во Судот за прекршоци во Сремска Митровица, каде и се судело по таканаречена кратка постапка, за повреда на донесените владини мерки за кршење на полицискиот час.

По сослушувањето, Слаѓана Милошевиќ била ослободена, а пресудата ќе и биде изречена дополнително.

Слаѓана, наводно, вчера била приведена затоа што пристигнала од Белград во Сремска Митровица за време на полицискиот час, кај нејзиниот поранешен емотивен партнер Игор С. Но за шокот да биде поголем, тој наводно не сакал воопшто да комуницира со неа и самиот ја пријавил во полицијата во Сремска Митровица.

Останати вести од Радио Милева