Сексапилната пејачка Едита Арадиновиќ на приказните од својот Инстаграм сподели „пиштол гола“ фотографија од под тушот, која божем „по грешка“ и се кликнала, па истата веднаш ја избриша, ама доцна!
Чичко „Гугл“ помни се’, а и „пазачите“ што „киснат“ на социјалните мрежи покрај тоа што имаат широко ококорени очи, имаат и „брзи прсти“, па фотографијата на голата Едита ја сочуваа и споделија.
На неа пејачката позира влажна со голи гради додека праќа бакнежи под топлите млазеви на тушот, па фотографијата за аналите, осамна и на социјалните мрежи и порталите.
Едита потоа нормално, се правдаше дека тоа било случајно и несакајќи:
„Фотографијата е стара, уште од пред три месеци и на моето Инстаграм стори стоеше само пет секунди, откако сакав да ја провлечам низ филтер, ама… И не беше наменета за јавноста и за моите следбеници, но се случи тоа што се случи и сега сите ја видоа. Затоа, отсега повеќе не се туширам со телефон“ – тврдеше Едита, без притоа да појасни во своето обраќање: „Кому тоа му била наменета голата фотка за праќање“?
Фото: Инстаграм принтскрин/editaaradinovic