Радио Милева во прегратките на небото...

Уште една музичка кантри ѕвезда почина од коронавирусот: Џон Прајн два пати го победи ракот и срцевата слабост, но не и Ковид 19 (ФОТО)

Уште една музичка кантри ѕвезда почина од коронавирусот: Џон Прајн два пати го победи ракот и срцевата слабост, но не и Ковид 19 (ФОТО)

Кантри ѕвездата Џон Прин почина на 74-годишна возраст, откако беше хоспитализиран во критична состојба со инфекција од коронавирус. Симптомите  почнале да се покажуваат кон средината на март, а неговото здравје се влошило неколку дена потоа. Тој починал, вчера, вторник, 7 април 2020 год. во болницата во Нешвил, од компликации произлезени од инфекција од коронавирус.

Претходно, Џон се здобил со карцином на двапати. Прв пат во 2013 година, кога му беше дијагностициран карцином на белите дробови. Тој имаше и вграден стент во 2019 година, а оваа година ја одложи турнејата за да  изврши операција на колкот.


Во својата педесетгодишна кариера, Прин се сметаше за еден од највлијателните текстописци на својата генерација, прославувајќи се со стихови за љубовта и животот. Тој ја доби наградата Греми за најдобар современ албум во 1992 година и повторно во 2006 година, а оваа година ја понесе домашната награда за животно дело.

Се бореше со сите сили, но овој пат не можеше да издржи. Неговата веќе лоша и нестабилна здравствена состојба предизвикана од претходните болести, беше доволна, за жал, да ја загуби животната битка со коронавирусот.

To top