Радио Милева

Уште една Македонка на чиј талент се гордееме: Лина Пејовска со заедничкиот настап со Петар Грашо влезе во супер финале на „Ѕвезди –летен хит“ (видео)

Уште една Македонка на чиј талент се гордееме: Лина Пејовска со заедничкиот настап со Петар Грашо влезе во супер финале на „Ѕвезди –летен хит“ (видео)

Музичките талент шоуа во регионот се пред самиот крај, осносно финалето од кое ќе бидат прогласени победниците.

Едно од таквите популарни шоуа каде имаме наша кандидатка, е и хрватското талент шоу „Ѕвезди – летен хит“. Станува збор за младата, талентирана и надежна ѕвезда Лина Пејовска која успеа да се пласира во супер финале.

Како и претходните одлични претставувања, таа и овој пат блирилираше на сцената на заеднички настап со популарниот пејач Петар Грашо. Тие заедно ја изведоа песната „ I don’t want to talk about it“ , а видеото од настапот Лина гордо го објави на својот Инстаграм профил и напиша:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PEJOVSKA LINA (@pejovskalina) on

Никогаш во животот не би помислила дека еден ден сцената ќе ја делам со еден од најдобрите и највпечатливите вокали на Балканот. Ова е доказ дека ако не се откажуваш од целта што си ја замислил и ако даваш се од себе, ќе ти се врати дупло и ќе им докажеш на сите што не ве верувале во тебе!
Една од моите најубави песни.. “I don’t want to talk about it” ја испеав со Петар Грашо , а од сега достапна и на мојот YouTube канал.
Се гледаме наредна сабота во супер финале! Уште многу многу изненадувања ве очекуваат, порачува Лина Пејовска.

Инаку, супер финалето на „Ѕвезди-летен хит“ е закажано за неделава, односно на 21-јуни, а дали ќе однесеме уште една победа останува да видиме и стискаме палци за убавата и талентирана Лина.

фото/видео:јутјуб/линапејовска/ѕвезди-летенхит

To top