Американската манекенка и актерка Емили Ратајковски пред неколку дена го обвини фотографот Џонатан Лидер за сексуално злоставување, а сега се појави друга девојка која тврди дека и таа била нападната.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/emili-ratajkovski-gi-objavi-fotografiite-od-vecherta-koga-navodno-bila-siluvana-od-fotografot-se-sekjavam-na-negovite-prsti-vo-mene-foto/?fbclid=IwAR0wUJaX6VtIwKtgBNsgHerpZCXrzTmQyYp9hrbaoc5oyWBq4MX-ku0Mp_w
Имено, актерката Нола Палмер тврди дека била негова жртва кога имала само 17 години. Таа рече дека фотографот „и ја украл младоста“ и дека дури и го сменила името поради него.
– Читајќи ги нејзините зборови и начините на кои го опиша Џонатан, веднаш почнав да плачам. Бев под стрес пред да успеам да го прочитам натписот до крајот. Веќе со години ја носам болката и траумата поради Џонатан и неговото злоставување. Отидов толку далеку што го променив своето име, бидејќи во моите мисли тој го поседуваше, и не можев да ги отворам очите, а да не го „видам“ Џонатан – рекла Нола.