Изминатата недела името на нашиот најдобар автомобилист, Игор Стфановски- Иџе, редовно беше дел од насловите во македонските медиуми и еден од најлајкувание Македонци на социјалните мрежи.
Сигурно беше така и меѓу европските љубители на автомобилизмот. Причина и повеќе од јасна, победата најпрвин на трка во Австрија, а потоа и првото место на Европскиот шампионат на ридски патеки.
Македонија и Иџе на врвот и пехар којзне кој по број во неговата победничка колекција.
Изминатиот викенд местото број еден повторно беше само за Стфановски и Македоинија на трката која се случи во Шпанија.
Пехарот уште еднаш во рацете на Иџе, возбудата и чувството на убаво не го одминаа ниту овој пат.
-Македонија е мала земја, но од таму доаѓа најголемиот! -Иџе победа и нов рекорд во Шпанија.
Секоја чест и честитки за уште многу победи!
фото:Фејсбук/ Игор Стефановски- Иџе