Радио Милева
Како ги оставивме, така ги најдовме

Урнебесно: Погледнете ja видео најавата за петтата сезона на „Преспав“ (видео)

Урнебесно: Погледнете ja видео најавата за петтата сезона на „Преспав“ (видео)
фото:принтскрин/фејсбук/преспав

Кон средината на тековниот месец декември, на првиот канал од Македонската телевизија, започнува со емитување со нетрпение очекуваната петта сезона од популарната македонска серија „Преспав“.

Досега беа емитувани 4 сезони од оваа македонска комична серија, која стана омилена кај публиката. Како што велат од тимот, пансионот „Преспав“ е метафора за современото македонско општество во кое се соочуваат и прекршуваат балканските навики и менталитет со европските стандарди.

фото:преспав/фејсбук/принтскрин

Токму ова добро познатите ликови не можат ова да избегаат, а последицата се многу конфликти и комични ситуации.

„Каков го оставивме, таков и го начекавме. Сплетки, интриги, љубовни заврзлами… и по некој турист. Нова сезона на „Преспав“ наскоро на МРТ1“ –пишува на официјалната Фејсбук страница на Преспав.

фото:преспав/фејсбук/принтскрин

Додека ја очекуваме првата епизода од петтата сезона, погледнете го трејлерот за истата:

Останати вести од Радио Милева