Пејачката Ивана Николиќ, членка на женското вокално трио „Ураган“, проговори за новите деловни потфати и откри дека би сакала да соработува со Милош Биковиќ во еден од новите спотови.
Како што признала, не ја интересира дали е слободен или зафатен, но и не смета дека тоа е важно за ваков тип на соработка, а открила и дека би сакала да се проба во актерството.
„Би сакала да направам нешто со Милош Биковиќ. Не знам дали е слободен или зафатен, ама тоа не е важно за соработка. Знам дека бараме актер за новиот спот, а кој ќе биде ќе одлучи режисерот. Супер би било тоа да биде Петар Мараш. Ми се допаѓа неговиот лик во „Јужен ветер““, вели Ивана за Информер.
„Би сакала да добијам покана во продолжението на серијата или филмот „Јужен ветер“ и со задоволство ќе се одзвам доколку тоа се случи. Пеењето е моја професија, но би било убаво да се пробам и во актерството“, вели таа.
Ивана моментално е без емотивен партнер, но не крие дека сака нова љубов.
„Немам момче, но не дај Боже да се заљубам во новата година и да ми се смени статусот. Во моментов сум фокусирана на работа и само работа со колешките од групата Сања Вучиќ и Ксенија Кнежевиќ“ – призна таа.
Фото: Инстаграм принтскрин/ivana_boom_nikolic