Не е прв пат пејачката Бритни Спирс да го деактивира својот Инстаграм профил.
„Извинете, страницата моментално е недостапна“, е пораката што ги поздрави сите фанови кои сакаа да видат што прави пејачката во моментов.
Таа го деактивираше својот Инстаграм откако го осуди нејзиното семејство за нејзиното наводно лекување со конзерваторски надзор и рече дека „не го поканила“ нејзиниот постар брат Брајан Спирс (45) на нејзината неодамнешна венчавка со Сем Асгари.
Ова не е прв пат таа да го отстрани својот профил на Инстаграм, бидејќи истото го направи уште во март, по објавите за нејзиниот живот во изминатите 13 години, додека нејзиниот татко го имаше старателството над неа.
Непосредно пред нејзиното претходно деактивирање на Инстаграм, таа се пожали дека на нејзините синови Шон Престон и Џејден Џејмс „повеќе не им треба “ и тие и забраниле „да ги покажува нивните неодамнешни слики“, но истакна дека „ги почитува нивните желби“.
Фото:Принтскрин/Епа-Ефе/Нина Проммер/samasghari