Корона пандемијата не ја спречи пејачката Тамара Тодевска постојано да вежба во теретана, да слабее, да води здрав начин на живот и да билда имунитет.
Откако на свет го донсе своето второ дете, синчето Дарен, пејачката Тамара Тодевска активно се препушти на намалувањето на вишокот килограми во постпородилниот период.
Оттогаш поминаа две години, а по напорните тренинзи, здравата исхрана и третманите во салони за убавина, пејачката се пофали дека постигнала одлични резултати.
Имено, Тамара на својот Инстаграм објави фотографија на која носи тесни фармерки и маичка, а моделот на фармерките особено ги нагласи заслабените нозе на Тамара.
Очигледно задоволна од постигнатото, таа почувствува потреба тоа да го сподели со своите следбеници и обожаватели, а со тоа да докаже дека е истрајна во намерите кои ги зацртала во својата глава.
Инаку, изминатите неколку месеци Тамара се „цеди“ на најјако во теретана, а за трудот доби награда, лична сатисфактија и мотивација да продолжи со исто темпо на физичка активност и здрави навики.