Радио Милева

„Умрев три пати, ги држев очите отворени за да ги видам за последен пат мама и Младен“: Деа Ѓурѓевиќ откри страшни детали за несреќата

„Умрев три пати, ги држев очите отворени за да ги видам за последен пат мама и Младен“: Деа Ѓурѓевиќ откри страшни детали за несреќата
фото: И. Чорбиќ

Водителката Деа Ѓурѓевиќ првпат откри детали за сообраќајната несреќа во која автобус и ја откина раката и докторите и направија 20 операции.

Деа на семинарот за „Агенција за безбедност на сообраќајот“ откри страшни детали, а во говорот таа истакна дека по нејзината несреќа се собрале голем број на луѓе, но и помогнала само една девојка.

„Не се мрдав бидејќи тоа се основни правила на прва помош кои ги познавам. Се трудев да останам будна бидејќи се плашев од смртта, мислам дека секој од нас се плаши дека ќе умре и не дај Боже да биде во таква ситуација. Знаев дека доколку имам внатрешно крварење дека можеби нема да преживеам, ги држев очите отворени за да ги видам за последен пат мама и Младен бидејќи сакав да ги видам последен пат“ вели водителката во својот говор и додава:

фото: Принтскрин

„Околу мене има многу луѓе, некои излегоа од автобусот, а некои беа тука и ме гледаа.Никој не дојде да ми помогне, сите гледаа, најверојатно и тие беа зачудени од глетката. Имаше само една колешка која цело време ми викаше дека се ќе биде во ред. Во еден момент ми се приближи една девојка да ми помогне, потоа дознав дека е медицински работник и дека се вика Марија Димитријевиќ.

Единствено таа дојде да ми помогне, сите останати само ме гледаа. Таа ми помогна така што се потпрев на неа, ме држеше со главата свртена накај неа бидејќи мислеше дека не ја гледам својата рака. Јас во секој момент ја гледав“ се сеќава Деа на страшните детали од несреќата.

фото: Принтскрин

„Брзата помош дојде за 2 минути, тие не знаеа кој е повреден. Тие професионално си ја завршија работата. Јас цело време им барав нешто против болки, а наместо тоа им одговарав на прашањата што ме боли и како ме боли. Меѓутоа, не знаев дека имам многу повеќе повреди од тие што ги гледав“ додава Деа.

„Тие ми кажаа дека никогаш не виделе толку повреди, а дека секоја од нив може да биде опасна по мојот живот. Имав повеќе од 20 операции, примив 200 анестезии, за секое движење мораа да ме заспијат за да може моето срце да издржи. Починав три пати и докторите успеа да ми го спасат животот. Лежев на грб осум месеци“ раскажува Деа.

Деа потенцираше никогаш не помислила дека таква сообраќајка може да и се случи на неа и семејството.

Останати вести од Радио Милева