Официјално, емисијата „Улица Македонија“ се сели на ТВ 24, во нов термин, сабота во 14:35 часот , и како што е редот продолжуваме во ист стил, со одбрани гости. Оваа недела низ „Улица Македонија“ ќе се прошета Даниел Кајмакоски, момчето со Х – фактор во себе, кое го освои целиот Балкан… Едноставен, скромен, искрен, а толку талентиран!
Не пропуштајте да уживате во неговата приватна и професионална животна приказна низ која по „Улица Македонија“ ќе ве води Вашата ТВ домаќинка, Бојана Скендеровски!
Сабота, 03 март, 2018, во 14:35 минути премиерно на ТВ 24… „Улица Македонија“.