Пејачката Алина Паш се откажа од учеството на годинешното издание на Евровизија кое ќе се одржи во Торино.
По нејзината одлука, организаторскиот одбор на украинскиот Видбир, одлучи која ќе оди на Евровизија 2022 година.
Украина во Италија ќе ги претставува составот на Калуш Орксетар со песната „Стефаниа“.
Главниот пејач на групата Олех Псиук бил воодушевен кога ги слушнал вестите.
-Благодарен сум на сите кои не поддржаа во финалето. Ветуваме на секој човек во Украина дека ќе ја оправдаме нивната одлука.Во овие тешки времиња за нашата земја, на сите ќе им покажеме кои сме. Подготвени сме да ја преставиме Украина пред Европа, изјави Псиук за официјалниот канал на Евровизија.
Во коментарите на „Јутуб“ добија поддршка од целиот свет.
Групата на Калауш Оркестар го освои второто место на украинскиот избор за песна на Евровизија.
Алина Паш која го освои првото место пред неколку дена откри зошто се откажа од учеството.
-Јас сум државјанин на Украина, ги следам законите и се обидувам да ја покажам традицијата и вредноста на Украина. Ова приказна која се прошири не е ни малку за која се зборува мојата песна. Јас сум уметник, не политичар. Немам војска, менаџер и адвокат за да се одбранам од сите напади и закани, напиша таа по победата.
фото: принтскрин/јутуб/инстаграм/alinapash/