Украина е победник на изборот за песна на Евровизија 2022.
Иако националните жирија му дадоа повеќе на претставникот на Обединетото Кралство, публиката го реши победникот со огромни 439 поени.
Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најдобра во конкуренцијата од 40 земји-учеснички.
На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија. Србија беше единствена од земјите на територијата на поранешна Југославија која успеа да се пласира во големото финале. Нивната претставничка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта, го освои одличното 5. место.
Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Изборот на песна за Евровизија.
Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји.
Финалето на Евровизија се одржа во салата Пала Олимпико во Торино – Италија.
Вака изггледаше и звучеше победничкиот евровизиски настап на „Калуш Оркестра“ од Украина на Евросонг 2022:
Фото: Скриншот/ Јутјуб
Видео: Јутјуб