Мегафон

Украина и годинава најсериозен кандидат за победа на „Евровизија“: Дуото „Творчи“ и нивното „Челично срце“ убедливо водат на обложувалниците

Украина и годинава најсериозен кандидат за победа на „Евровизија“: Дуото „Творчи“ и нивното „Челично срце“ убедливо водат на обложувалниците

Украина пред повеќе од еден месец го избра својот претставник на Евровизија 2023, а оваа година натпреварот се одржа во засолниште во метро станицата во Киев, а се натпреваруваа десет песни. Електронското дуо – Творчи ќе се натпреварува во името на оваа земја во Ливерпул со песната „Heart of Steel“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TVORCHI (@tvorchi_official)

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни кои ќе ги претставуваат, а Словенија и Кипар го избран само претставникот кој ќе ги претставува, а допрва се работи на изборот на песна.

Но и покрај тоа, на четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се веќе отворени, а Украина на нив и годинава убедливо води.

Обложувалниците на украинсите претставници „Тврочи“ и песната „Челично срце“ им даваат дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните сè уште не се познати.
Шведска, која сè уште нема избрано свој претставник и песна, има импресивни 10% шанси за победа.

Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај.

Вака звучат Украинците „Творчи“ и нивното „Челично срце“ (КЛИКНИ ТУКА):

To top