Радио Милева

Учителката го пронашла на улица, а потоа животот му се променил: Тешка животна приказна за Џеј Рамадановски

Учителката го пронашла на улица, а потоа животот му се променил: Тешка животна приказна за Џеј Рамадановски

Фолкерот Џеј Рамаданоски порасна во центарот на Белград каде што го заврши основното училиште, пееше на приредбите, а потоа му се промени животот.

Соседите го опишуваат како весел човек, а откриваат дека некое време работел во голема фабрика за боја.

„Сите го познаваа, секогаш се појавуваше во една кафана и свиреше тарабука. Тогаш беше тинејџер, сите го сакаа. Никогаш не беше скржав, секогаш частеше, кога имаше делеше со сите. Овде заврши основно училиште, некое време беше во дом, а потоа започна да работи во фабрика. Седум дена работеше, а потоа даде отказ и ни велеше: Влегувам чист, а излегувам целиот со боја, вели Душан, сосед на Џеј.

Директорот на училиштето „Браќа Барух“ откри нови детали.

„Џеј одеше во нашето училиште, учителката го пронајде на улица  и го донесе овде да учи. Велеше дека таа му е како мајка и да не била таа никогаш нема да излезе на вистинскиот пат. Му купуваше книги, облека, се грижеше за него, вели Драгомир Ивановиќ.

Новинарите на „Блиц“ посетиле и една пицерија каде што Џеј редовно оди.

„Џеј секогаш е расположен, љубезен. Сака да пие кафе и вода. За него никој нема лоши зборови, сите го сакаме, велат во пицеријата.

Еден од староседелците истакна дека иако Џеј пораснал во тешки услови, останал чесен човек.

„Џеј порасна на улица. Едно време крадеше и беше проблематичен. На сите ни беше драг, но се зборуваше дека тргнал по лош пат и дека се ќе изгуби. Меѓутоа, не беше така. Секоја му чест, купи и стан, остана чесен човек. Живееше во бараки кои ги срушија за да изгрдат нешто. Се зборува дека го продава и станот, но ние често го сретнуваме во кафаната на аголот.

 

To top