Учесникот во реалното шоу „Задруга 4“ Фран Пујас додека траеа „Прашањата од гледачите“, јавно откри досега непознати детали од животот и во еден момент сите ги стаписа, шокирајќи ги со својата изјава, односно признание на кривично дело кое го направил пред да влезе во ова ријалити.
„Пред две години им влегов на тројца дилери дома и ги ограбив. Им ставув пиштол на глава и ги ограбив. Им ја земав сета стока и сите пари. Тогаш тие не можеа ова дело да го докажат, сега еве, имаат докази! За тоа само одлежав четири месеци во истаржниот затвор и потоа бев пуштен. Пред четири месеци, пред да влезам во шоуто му плативпари наеден човек да му го запали автомобилот на еден адвокат во Загреб! Затоа што Пола ме напаѓа и ми кажува како ќе влезе во мојот живот! Сега погледни, и кажи ми за што ќе ме уценуваш! – рече Фран.
„Сега ќе дојдат, ќе го одведат и ќе го депортираат“ – се слушна коментар на масата. Со оглед на тоа што тогаш немале докази, а сега тој јавно призна сè, останува да видиме дали учесникот во „Задруга“ ќе заврши во затвор?!