Што може да се прави најмногу во реалните шоуа, освен да се има кавги, озборувања,тепачки, секс… Така и овој пат учесникот на „Задруга“ Павле Јовановиќ во текот на раните утрински часови зборуваше со Милјана Кулиќ и Лазар Чолиќ за популарниот пејач на маладата генерација, Саша Ковачевиќ, со кого Милјана била опседната.
Имено, Павле истакна дека Саша одлично го познава и дека се добри пријатели, како и тоа дека ја цени неговата работа. Освен тоа, Јовановиќ и откри на Милјана детаљ од приватниот живот на пејачот кој досега беше непознат.
-Татко му и мајка му се разведоа, не живеат повеќе заедно. Милан ја остави Драгана, има две подини од тогаш. Тој живее на друга локација, открива Павле, додека Милјана зачудено го гледаше.
Инаку, познато е дека Саша Ковачевиќ речиси никогаш не зборува за приватниот живот во медиумите, така што оваа информација не и беше позната на јавноста.