Учесничката на „Ѕвездите на Гранд“, Маја Ѓорѓевиќ привлече големо внимание и кај публиката и кај жирито, а своите настапи вредно ги подготвува со својот ментор Ѓорѓе Давид.
Маја сега откри дека нејзиниот ментор е многу посветен на кандидатите, а водителот Воја Недељковиќ во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ ја праша дали е вистина дека Ѓорѓе Давид им се јавува дури во 2 часот по полноќ да им каже некоја идеја, а Маја потврди.
– Ако треба, да (смеа). Апсолутно е посветен на сите нас, како и на часовите за менторство – изјави натпреварувачот во споменатата емисија.
Маја додаде дека сака да биде иновативна и секој пат да им се претставува на гледачите во различно светло.
– Не се занимавам со тоа, но сакам да експериментирам, секој пат да изгледам поинаку и луѓето со нетрпение да го чекаат моето следно појавување на натпреварот – изјави младата пејачка.
фото:принтскрин јутјуб