Мала, ситна, динамитна, по Ноне таа е новата македонска џепна венера… Фолк венера, се разбира! Барем така ја нарекуваат распеаната струмичанка, која важи за една од најекспонираните нови ѕвезди на македонската фолк естрада.
На Стојне Николова убавина и сексапил не и недостасуваат, како ни„тезги“, како што естрадните уметници меѓусебе популарно ги нарекуваат своите настапи! Има нова песна, видеоспот и нова фотосесија.
И тоа не кај било кого, туку кај проверениот мајстор, уметничкиот фотограф и режисер на видеоспотови, битолчанецот со хрватска „путовница“ и скопска лична карта и адреса на живеење Дарио Јанковиќ.
Фото мајсторот добро си ја знае работата, а од приложенето се гледа дека и позирањето на нашата фолкерка не и непозната материја. Мала по пропорции, ама сексапилна до болка, згодната струмичанка умее да го искористи сиот свој телесен потенцијал и да ги истакне своите атрибути.
А кога убавото Стојне ќе се намести, на оној што ја гледа му доаѓа од ум да се помести! Впрочем, нејзините нови пози пред фотообјективот, го одземаат здивот!
Уживајте и вие во еротската експресија на нејзината нова фотосесија! Нова песна и видеоспот, белким е следното нешто што наскоро треба да дојде од убавото Стојне!