Тенисерот Дамир Џумхур, кој важи за голем заводник, по неколку љубовни бродоломи, сега најде среќа покрај поранешната учесничка на „Големиот брат“, блиската пријателка на нашиот Дарко – Спејко, Хрватката Барбара Шегетин.
Според 24сата.хр, Барбара неодамна ја раскинала свршувачката со претходниот партнер, а после тоа влегла во љубовна врска со Дамир.
Двајцата објавија идентични видеа и фотографии, секој на својот Инстаграм, на кои се гледа како на прстот имаат истетовирано симбол за бесконечноста.
Пред Барбара, Дамир сакаше неколку познати убавици, а најголемо внимание предизвика неговата врска со Хелена Топаловиќ, ќерката на пејачот Топалко. Освен со Хелена, Дамир беше во врска и со моделот Дејана Живковиќ, како и со пејачката Ријалда Карахасановиќ, а го поврзуваа и со блогерката Зорана Јовановиќ – Зоранах.
Барбара Шегетин неодамна ја раскина свршувачката со нејзиниот поранешен партнер Лазар, кој ја запроси пред една година, во пресрет на 2020 година во еден белградски хотел.
Поранешната учесничка на „Големиот брат“ тогаш рече „да“ и неколку месеци носеше веренички прстен на раката, но нивната љубов сепак не опстана.