По завршувањето на снимањето на серијата „Парампарче“ младиот актер Бурак Тозкопаран стекна дополнителна популарност и армија обожаватели.
На Инстаграм моментално го следат повеќе од 650 илјади обожаватели ширум светот, но тој освен своите афинитети кон актерството и музиката, ретко открива што му се случува на приватно поле.
Периодов беше доста активен со објавувањето на видео снимки каде свири на тапани, а меѓу најновите објави реши да сподели фотографија на која е со својата сакана.
За убавицата со прекрасна насмевка и сини очи, доби коментар дека премногу си одговараат, па би можело да се појават заедно и на филм.
Вака изгледа вистинската сакана на шармантниот Озан.